речник контакт

Пронајден скелетот на Ричард Трети?

Човечкиот скелет со дупната глава откриен под паркинг во Англија, можеби му припаѓа на кралот Ричард Трети,

Петар Печков

Човечкиот скелет со дупната глава откриен под паркинг во Англија, можеби му припаѓа на кралот Ричард Трети, објавија истражувачите, иако најавија и дека претстои долг пат во анализирањето на коските за да се открие нивниот идентитет.

Истражувачите предупредија дека не тврдат оти ги пронашле остатоците од кралот Ричард Трети, туку дека одат во следна фаза од нивните истражувања, од терен во лабораторија.

- Јасно е дека сме многу возбудени, но универзитетот сега мора да се фокусира откритијата да ги стави на сериозна анализа. Анализата на ДНК ќе трае до 12 недели, изјави Ричард Тејлор, директор на корпоративни работи на Универзитетот на Леицестер, за новинарите и го објави тоа на Твитер.

Остатоците беа скриени во остатоци од средновековна црква, позната како Грејфрајарс, каде се сметаше дека бил закопан англискиот монарх. Иако локакцијата на оваа црква била загубена, историските податоци наведуваа дека Ричард Трети бил закопан таму по загинувањето во битка во 1485 година.

Беа откриени два скелети: женски скелет, раздвоен на зглобовите беше откриен во она за што се верува дека е презибтеријата на изгубената црква; другиот скелет, кој излезе дека е на возрасен маж, беше откриен во внатрешноста на црковата и на него има знаци на оштетување на лобањата и грбот пред лицето да почине, што можат да бидат рани од битка, велат истражувачите.

- Во задниот дел од лобањата пронајдовме големо оштетување и остатоци од метално сечиво, стои во изјавата од Универзитетот во Леицестер.

Покрај ова, во горниот дел од машкиот скелет е пронајден врв од стрела, вели Тејлор, додавајќи дека неправилностите на кичмениот столб укажуваат дека лицето боледувало од сколиоза, иако не се работи за грбавец, како што бил портретиран од Шекспир во драмата со името на кралот.

Дури и да е така, од сколиозата која е забележлива на скелетот изгледа како десното раме на мажот да било повисоко од левото. - Ова се совпаѓа со современата перцепција за изгледот на Ричард, стои во изјавата од универзитетот.

Археолозите од Универзитетот на Леичестер почнале да го прекопуваат паркингот пред зградата на Градскиот совет во Леичестер на 25 август, во потрага по црквата и по остатоците од кралот. Оттогаш, тие открија францискански калуѓерски манастир, градина од 17-иот век за која се смета дека била направена во спомен на кралот, и други артефакти

На 31 август, тимот кој ископувал поднел барање до Министерствто за правда за дозвола да започнат со ископување на два секелета, процес кој започнал на 4 септември.

- Се надеваме дека ќе пронајдеме остатоци од ДНК во скелетите, рече генетичарот Тури Кинг од Универзитетот во Леичестер, на брифингот со новинарите кој потоа беше објавен во Твитер порака од универзитетот.

Приказните за кралот

Кралот Ричард Трети владеел со Англија две години, од 1483 до 1485 година, пред да загине во битката на полето Босворт, која беше дел од Војната на Розите, граѓанската војна во Англија меѓу династиите Ланкастер и Јорк.

Еден век подоцна, Вилијам Шекспир го напиша Ричард Трети, театарската претстава за трагичниот крал - последниот англиски крал кој загинал во битка.

Изгледа дека кралот имал многу следбеници. - Ричард Трети е харизматичен лик кој привлекува огромен интерес, делумно затоа што беше со толку лошо претставуван во изминатите векови, а делумно и затоа што зазема водечко место во англиската историја, вели Филипа Ленгли, претставник на организацијата Ричард Трети.

- Продолжениот интерес за Ричард се покажува од толкуте многу приказни кои произлегуваат во врска со неговиот гроб, додава Ленгли. На пример, една стара приказна кажува дека неговите коски биле фрлени во реката Соар.

- Други приказни, кои се исто така неверодостојни, кажуваат дека неговиот ковчег бил користен како поило за коњи, вели Ленгли.

На 7 септември, археолозите објавија дека пронашле средновековни подни камења, кои се можеби од градината изградена во спомен на кралот од Роберт Херик, градоначалникот на Леичестер. Градината и зданието наводно се изградени врз црквата каде бил закопан Ричард Трети. Во 1612, Кристофер Рен, таткото на прочуениот архитект, запишал дека видел камен столб висок еден метар во хериковата градина во спомен на кралот. На столбот стоел натпис: „Тука лежи телото на Ричард Трети кој некогаш беше крал на Англија“.

Коските сега ќе одат на лабораториски анализи, вклучувајќи и ДНК тестови, кои ќе ги врши генетичарот Тури Кинг од Универзитетот на Леичестер. Резултатите потоа ќе се споредат со оние остатоци од директннте наследници на сестрата на Ричард, која беше откриена од Џон Ешдаун-Хил, авторот на „Последните денови на Ричард Трети“.

Од остатоците научниците имаат митохонрдична ДНК, или ДНК која е пронајдена во енергетската структура на клетката, која се пренесува само преку мајка.

  текстот е преземен од livescience.com

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »